Најмалку 12 убиени во судири со ПКК во Југоисточна Турција

Од:

Турските сили за безбедност убиле 11 курдски бунтовници во судири кај границата со Сирија и Ирак, а еден војник бил убиен во престрелка на друго место во Југоисточна Турција, соопштија турските власти.

Единаесет курдски бунтовници се убиени во вторникот во операција на турските сили во реонот на градовите Џизре и Силопи, округ Шарнак.

Во округот Ван силите за безбедност спровеле операција денеска наутро по сигнал дека членови на ПКК се кријат во куќа во реонот на градот Ерџис, соопштија вооружените сили. Еден војник бил убиен, а тројца ранети во судирот, што се уште трае.

Околу 40.000 лица загинаа во конфликтот, откако ПКК ги изврши првите напади пред 30 години.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

ПКК ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“