Курдските борци од сите страни навлегуваат во Синџар и го чистат од џихадисти

Од:

Курдските сили пешмерга денеска од сите страни навлегуваат во стратешкиот град Синџар, на север од Ирак, што борците на Исламска држава го презедоа пред повеќе од една година и притоа убија и заробија илјадници Јазиди, соопшти Курдистанскиот регионален безбедносен совет.

Курдските борци целосно ги пресекле сите линии за комуникација меѓу џихадистите во Синџар и наскоро ќе почнат да го чистат градот од нив, пренесоа британските медиуми.

Во Синџар се слушаат пукотници додека курдските борци се слеваат во градот од  блискиот рид, а некои од нив се вооружени со фрлачи на гранати, што ги носат на рамениците.

Со поддршка на американските воздушни напади Курдите вчера го отсекоа Синџар од исток и запад во офанзивата против Исламска држава, која може да претставува пресвртница во напорите за победа врз џихадистите.

Синџар има симболично и стратешко значење со оглед на фактот дека се наоѓа од двете страни на главниот автопат што ги поврзува Мосул и Рака -главните упоришта на Исламска држава во Ирак и Сирија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски