Либан прогласи денеска ден на жалост по двојниот самоубиствен напад синоќа во кој загинаа 43 лица во јужен Бејрут.
Нападите беа извршени доцна синоќа во трговски и станбен кварт, кој се смета за бастион на либанското шиитско движење Хезболах.
Одговорноста за нападите ја презеде групацијата Исламска држава.
„Неприфатливо“ е наслов во весникот „Лориан ле жур“, додека весникот „Дијар“ објавува крвави фотографии со телата на напаѓачите.
Весникот „Ал Акбар“, кој е поддржан од Хезболах објави дека „нема место за отстапки“ во врска со овој случај. Хезболах предупреди дека престои војна против неговите непријатели.
Генералниот секретар на Обединетите нации; Бан Ки-мун го осуди нападот и ги повика либанските служби за безбедност и државните институции да не дозволат овој инцидент да го уништи мирот, кој владее во земјата последната година.