Познати групите на завршниот Мастерс во Лондон

Од:

Познати се двете групи на завршниот Мастерс турнир што од 15. ноември до 22. ноември ќе се игра во Лондон.

Одредувањето на групите беше извршено синоќа со извлекување со тоа што имаше неколку првила при извлекувањето (во иста група неможе да бидат првиот и вториот од ранг листата, исто така и третиот и четвртиот, и слично). На последниот турнир во годината ќе играат најдобрите осум тенисери од АТП ранг листата.

bawtf-2015-london-extension

Според тоа во групата „Стен Смит“ ќе играат: Новак Ѓоковиќ (број 1), Рожер Федерер (број 3), Томаш Бердих (број 6) и Кеи Нишикори (број 8), додека во групата „Илие Настасе“ ќе играат: Енди Мареј (број 2), Стан Вавринка (број 4), Рафаел Надал (број 5) и Давид Ферер (број 7).

На првиот ден од Мастерсот на 15. ноември во недела ќе играат: Ѓоковиќ – Нишикори и Федерер – Бердих, додека следниот ден на програмата се мечевите: Мареј – Ферер и Вавринка – Надал.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров