Прва одлука на Спасовски – ги одзеде пренесените овластувања на раководителите во МВР

Од:

Новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски синоќа испратил телеграма до сите вработени во МВР со која ги известил раковосителите дека престануваат да важат сите пренесени овластувања од досегашните министри.
07541447339a6734a07d362ed7ab87a886ee9d6062fb7159db2dff7cccc96655
-Како министер за внатрешни работи избран со Одлуката за избор на членови на Владата на РМ, врз основа на законските овластувања, информирам дека сите пренесени овластувања од министрите за внатрешни работи кои раководеле со МВР до денот на донесувањето на наведената одлука за избор на членови на Владата на Република Македонија, престануваат да важат, пишува во известувањето.

Провладините медиуми веднаш почнаа со драма-дека се создал хаос во државата со оваа одлука и дека е доведено во прашање функционирањето на МВР, затоа што Бирото за јавна безбедност, централните полициски служби, сите сектори за внатрешни работи, УБК и сите сектори во Управата нема да можат да дејствуваат без да добијат дозвола од министерот.

Реагираше и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска која на Твитер напиша “Функциите на државата доведени во прашање!“

СДСМ но и странските претставници во неколку наврати предупредија дека министерот за внатрешни работи не се поставува да пие кафе во кабинет, туку да воведе ред во МВР и да го дистанцира министерството од досегашното политичко влијание.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР