МЗТ Скопје го доби дербито со Работнички

Од:

МЗТ Скопје триумфираше над Работнички со резултат 90:85 во првото сезонско „вечно“ дерби во кошаркарскиот шампионат. Аеродромци ја оправдаа фаворитската улога и го контролираа резултатот во текот на сите 40 минути.

По четвртини, МЗТ ги доби првите три со резултат 31:23, 21:19 и 20:15, а Работничи ја доби само последната четвртина со резултат 28:18.

Ѓорѓе Дреновац со 25 поени, 7 скокови и 4 асистенции беше најдобар во составот нај МЗТ Скопје, пред Дамјан Стојановски со 14, Мијатовиќ со 13, а Буниќ и Љубичиќ постигнаа по 12 поени.

Кај Работнички беа најистакнати беа, Јане Петровски со 22 поени и Мираковски со 21 поен и 8 асистенции, Ѓуроски постигнаа 15, а Трајковски 13 поени.
Ова беше последниот меч од 5. коло од Првата кошаркарска лига, а на табелата води Карпош Соколи пред МЗТ Скопје и Работнички на третата позиција.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос