Европскиот парламент предложи недостигот во фондовите за Сирија и Африка да биде пополнет со користење на неочекуваниот суфуцит во буџетот на Европската унија во износ од 2,3 милијарди евра, собрани од парични казни и царини.
ЕП ги повика државите од ЕУ да ги исолнат своите ветувања, со тоа што ќе ги финансираат миргациските активности во Европа, за што веќе беше постигната согодба.
ЕК прецизираше дека фондовите за Сирија и Африка бележат недостиг од 2,22 милијарди евра во делот, што секоја држава го внесува.
Во дебатата со заменик-претседателот на ЕК, Кристалина Георгиева повеќе европратеници нагласија дека земјите од ЕУ треба да го финансираат одобрениот модел на фондови.
Според нив на тој начин може да има напредок во надминување на првобитните причини за миграцијата.