СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е очајна, тврди дека ЕК лаже!

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ е очајна и не знае што зборува. Дали ВМРО-ДПМНЕ сака да каже дека Европската комисија лаже за уназадената слобода во медиумите во Македонија?

Го прочитале ли Извештајот на Европската комисија во врвот на ВМРО-ДПМНЕ или не сакаат да се соочат со вистината?

Фактите говорат дека Македонија е најлошо рангирана по слобода на медиумите од сите земји во Европа и регионот на Западен Балкан, според Репортери без граници.

Зарем ВМРО-ДПМНЕ сака да каже дека меѓународната организација Репортети без граници лаже?

ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски живеат во нереален, имагинарен свет.

Катастрофалната состојба со слободата на медиумите е потрдена и во Извештајот на Европската комисија и од сите релевантни меѓународни организации.

Европската комисија забележува уназадување на слободата на изразување во Македонија, нотира заплашување на новинарите и изразува сериозна загриженост за уредувачката политика на јавниот сервис МРТВ.

Комисија го наведува физичкиот напад на Владимир Пешевски, во Македонија познат како господинот „дил-ориентед“, врз уредник на еден интернет портал со акцент дека владата не реагирала. Ќе го демантира ли ВМРО-ДПМНЕ јавно објавеното видео од овој напад?

Јасно е, уредникот Никола Груевски најголем проблем има со вистината.

Затоа, најголема инвестиција на Никола Груевски се неговите медиумски фабрики за ширење лаги.

Колку се очајни медиумските курир на Никола Груевски потврда денешниот пример. Очигледно помеѓу една и друга нарачка медиумските курири демнат поединци по социјалните мрежи, креираат лажни профили, и потоа самите си креираат лажни вести.

Времето на Никола Груевски помина. Доаѓа слободата. По 24-ти април, во слободна Македонија предводена од СДСМ, слободата на медиумите ќе биде загарантирана.

Збогум Никола и збогум на твоето друштво“, се вели во соопштението во СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ