Ерјавец: Бранот бегалци нема да запре во текот на зимата

Од:

Словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец изјави денеска во интервју за виенски „Пресе“, дека бранот бегалци нема да запре во текот на зимата и најави дека неговата земја во иднина ќе ги враќа имигрантите, и оти нема да прифаќа бегалци кои евентуално во Словенија би ги протерувала Германија.

– Не се работи за никаква ограда, туку за техничка бариера, која треба да овозможи полесна контрола на бегалскиот бран, како и регистрација. Во минатото Хрватска целосно неконтролирано испраќаше групи бегалци во Словенија, појасни Ерјавец.

Тој изрази жалење што не било возможно од Хрватска, се до самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел, да се добиваат информации за бегалците.

Според него, Хрватска досега се придржува до договорот и соопштува кога групите бегалци доаѓаат на границата.

На констатацијата дека тогаш не се потребни бариери, Ерјавец рече дека бранот бегалци уште долго ќе потрае.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Ердоган: Турција го отвора преминот Јајладаги за безбедно враќање на сириските мигранти

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина