Втор пораз за Куманово во Еврокупот

Од:

Единствен македонски претставник во еврокуповите, тимот на Куманово вчеравечер на гостувањето во Полска го претрпе вториот пораз во ФИБА Eврокупот.

Во 3.коло од Ј-групата, Куманово загуби од Роса Радом со 84:75 (23:14, 25:18, 14:24, 22:19).

Домаќините клучната разлика ја направија во првото полувреме кога македонскиот вицешампион прикажа слаба игра. По првите 20 минути Роса Радом имаше предност од 16 поени 48:32. На стартот на второто полувреме Куманово започна да го намалува убедливото водство на противникот , но на крајот сепак немаше сили за конечен пресврт.

Најистакнати кошаркари во редовите на Куманово беа, Урош Луковиќ со 27 поени и 12 скока и капитенот Костоски со 16 коша и девет асистенции.

Следниот дуел на кумановци во ова натпреварување е против Турк Телеком во среда на домашен терен.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос