Одлуката кој ќе биде домаќин на квалификацискиот кошаркарски турнир за Олимписките игри во 2016 година нема да биде донесена како што беше најавено, на 23 ноември, туку на свечената церемонија закажана за 26 јануари 2016 година.
Генералниот секретар на Светската кошаркарска федерација (ФИБА) со допис ги информира кандидатите за домаќин, дека состанокот на Извршниот комитет на ФИБА на кој треба да се донесе одлуката, од технички причини е одложен за 19 јануари 2016 година.
Претенденти за добивање на организацијата на овој квалификацискиот турнир за Игрите во Рио се: Турција, Чешка, Србија, Германија, Грција, Иран, Израел, Италија, Мексико и Филипини.