Екс министерот Љубе Бошкоски, денеска доби 12-часовен излез од затворот Идризово за да присуствува на погребот на својата мајка.
Стотина луѓе присуствуваа на погребот меѓу кои беа и Стојанче Ангелов и Јове Кекеновски.
Беше присутно и зголемено полициско и цивилно обезбедување, кои на екипата на А1он и ја одзедоа камерата и ги избришаа фотографиите и снимките, со образложение дека било забрането да се снима и слика и од далеку.