Српскиот премиер Александар Вучиќ денека им се поклони на жртвите од Сребреница и положи цвеќе во Меморијалниот центар во Поточари, јави Танјуг.
Цвеќе положија и претседателот на Република Српска, Милорад Додик, членот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, претседавачот со Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ, и началникот на општина Сребреница Ќамил Дураковиќ.
Вучиќ во Сребреница присуствува на инвестициска конференција за помош на оваа општина во Реублика Српска.
Инаку, додава Танјуг, ова е втора посета на Вучиќ на Поточари, и покрај тоа што се уште не е завршена истрагата за нападот врз српскиот премиер и српската делегација, која таму престојуваше и на 11 јули.
Во и околу Сребреница преземени се високи мерки за безбедност, а подрачјето го надлетува и хеликоптер.