Воз со 1.067 бегалци во придружба на хрватската полиција, пристигна рано утринава, околу 01.00 часот, на граничниот премин Добова, соопштија надлежните власти, пренесува Танјуг.
Како што се очекува, денеска во Словенија треба да пристигне уште еден воз со околу 1.000 бегалци.
Сите бегалци кои пристигнаа во текот на вчерашниот ден се регистрирани и пружена им е неопходна помош, за потоа да бидат превезени и сместени во центарот Шентиљ блиску до границата со Австрија, соопшти полицијата од Ново Место.
Околу 500 бегалци со наоѓаат во во Обрежје и Брежице и тие ќе бидат, со полициска придружба, превезени во Јесенице во близина на северозападната граница на Словенија со Австрија.