Македонскиот кошаркарски прволигаш Кожув го ангажира грчкиот тренер Стратос Кукулекидис кој пред осум години беше предводник на Струмица.
– Нов тренер на КК Кожув е 55 годишниот Стратос Кукулекидис од Грција. Во својата кариера тој е бил помошник тренер на Арис, а во кариерата како прв тренер работел во Струмица, Аполон Лимасол во Кипар, а со тимот на Сичуан во 2013 година станал првак на кинеската НБЛ лига и бил избран за најдобар тренер во истата, објави КК Кожув на својот Фејсбук профил.
Кукулекидис доаѓа на местото на Боби Митев, кој доби отказ по серијата лоши резултати, а во изминатите два меча тимот го водеше помошникот тренер Иле Ефтимов.