Седници на три собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници треба да одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе го разгледаат Предлог законот за амнестија во прво читање, поднесен од 11.069 избирачи.

Членовите на Комисијата за финансирање и буџет ќе ги разгледуваат поднесените амандмани за измените на Законот за персоналниот данок на доход, на Законот за платниот промет и на Законот за задолжителни нафтени резерви, трите по скратена постапка и во второ читање.

Закажани се и две седници на Законодавно-правната комисија на чиј дневен ред се предлог-законите за изменување на законите за персоналниот данок на доход, за платниот промет и за задолжителни нафтени резерви, сите по скратена постапка и во второ читање, како и Предлог-законот за амнестија поднесен од 11.069 избирачи.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции