Анета Арнаудовска, со повеќе од година дена истечен мандат, се уште се претставува како директор на Академијата за судии и обвинители.
Вечерва гостуваше во вестите на Јавниот сервис МРТ, и од водителката беше претставена како директор.
А токму состојбите во судството се најкритикувани во Извештајот на Брисел за напредокот на Република Македонија. За Арнаудова дел од критиките во јавноста биле злонамерни.
За директор е избрана во октомври 2006 година, а реизбрана во септември 2010 година.
Според Законот таа нема право на трет мандат, но се уште седи во директорската фотеља. Доколку беа испочитувани прописите, Арнаудовска пред повеќе од една година требаше да се врати во Основен 1, од каде што и дојде на позицијата директор. Во јавноста повеќе пати беше поставувано прашањето зошто Арнаудовска е незаменлива како директор на Агенцијата.