За утре напладне закажана собраниската седница за избор на министри и заменици

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски за утре напладне ја закажа седницата за избор на министри и заменици министри, во согласност со договореното на последната лидерска средба во Клубот на пратениците и договорот од Пржино.

Како што соопшти неговиот Кабинет на дневен ред на седницата се Предлог за избор на членови на Владата и Предлог за именување на заменици министри во Владата на Република Македонија.

Како што претходно беше објавено, согласно договореното министер за внатрешни работи на предлог на опозицијата ќе биде Оливер Спасовски, а за труд и социјална политика Фросина Ременски. Заменици министри исто така од редот на опозицијата ќе бидат Александар Кирацовски во Министерството за информатичко општество и јавна администрација, Љупчо Николовски во Министерството за земјоделство и Кире Наумов во Министерството за финансии.

Се очекува на утрешната седница да биде пополнето и министерското место во Министерството за информатичко општество и јавна администрација по неодамнешната оставка на Иво Ивановски.

Претходно синоќа Собранието го изгласа пакетот закони кои исто така произлегуваа од Договорот од 2јуни/15јули.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции