Една петтна од децата на Филипините немаат доволно храна

Од:

Една петтина деца на Филипините немаат доволно храна и поради неухранетост нивната тежина е многу под нормалната. Предупредувајќи дека оваа појава води и кон послаба здравствена отпорност на најмладите, заменикот филипински министер за здравство Бернардита Флорес денеска соопшти дека процентот на овој вид загрозени деца во последните пет години е намален од 20,2 на само 19,9 посто.

Пред 10 години филипинските власти усвоија програма со која бројот на неухранети деца ќе се намали за половина. Сиромаштијата во сега 100 милионската нација на Филипините е присутна во предградијата и селата, а поради неколкуте природни катастофи, чии штети се мерат со десетии милијарди долари, ни средствата што ги одделува државата, ниту помошта од меѓународните организации не се доволни за решавање на проблемот.

Министерката Флорес предупреди дека децата од сегашната генерација, покрај тоа што се неухранети, во речиси исти проценти не посетуваат настава, па прескажувањето на нивната иднина е морничаво.

Проблемот со сиромаштијата веќе е топ тема на личностите кои на Филипините ги најавија своите кандидатури за претседател на државата и членови на Сенатот. Изборите ќе се оддржат во јуни идната година. Бидејки сите кандидати, како и сегашните актуелни политичари се припадници на богатиот слој филипински бизнисмени, невладините организации, вкључувајќи ја и влијателната Католичка црква упатуваат пораки дека на богатите не треба да им се верува многу кога говорат за сиромаштијата.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски