Пуштање во работа на реновираната библиотека „Карпош“

Од:

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје, во рамки на одбележувањето на 70-годишниот јубилеј ќе ја пушти во работа реновираната библиотека „Карпош“.

Библиотеката е реновирана со материјална подршка на Град Скопје, а на нејзиното отворање ќе претходи музичка и поетска програма. Со дел од своето творештво ќе се престави македонскиот писател Велко Неделковски.

Најавено е обраќање на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорката на библиотеката Гордана Петревска.

Во 19 часот, во рамки на одбележувањето на јубилејот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе се одржи Вечер со читателите.

Вечерта ќе биде посветена на читателите и нивното интерактивно учество во создавањето на историјата на Библиотеката. Предвидено е обраќање на академик Луан Старова и директорката Петревска.

На тројца читатели ќе им додели комплет книги, а наградите ќе ги врачи дојаенот на библиотеката Милица Вељановска.

Би можело да ве интересира

Промовирана книгата „Необјавени страници за македонскиот јазик на Круме Кепески“

А1он

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Се зголемува книжниот фонд на кочанската библиотека „Искра“

Наум Локоски

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ одбележа 70 години постоење

Ана Ололовска

Седумдесет години библиотека „Браќа Миладиновци“

Ана Ололовска

Пуштена во употреба реновираната библиотека „Стале Попов“-Скопје

Ана Ололовска