47 милитанти загинаа во меѓусебна пресметка на талибанците

Од:

Најмалку 47 милитанти загинаа изминатите три дена во жестоките судири меѓу ривалски фракции на талибанците во југоисточен Авганистан, изјави протпаролот на авганистанската провинција Забул, Гул Ислам Сајал.

Тој наведе дека во судирите се повредени 53 членови на ривалските групи, како и дека една од фракциите заробила најмалку 18 борци на новата отцепена талибанска фракција.

Судирите избиле откако минатата недела неколку истакнати лидери на талибанците се одвоиле од главната бунтовичка група и го избрале за свој врховен лидер мулата Мохамед Расула, поранешен провинциски гувернер од периодот на талибанскиот режим, меѓу 1996 и 2001 година.

Фракцијата на Расул се бори против фракцијата, предводена од мулата Ахтар Мансур, кој ја презеде власта над талибанците, откако ова лето беше објавена смртта на основачот на талибанците, мулата Мохамед Омар.

– Борбите се најжестоки во округот Аргандаб, изјави Сајал додавајќи дека изутринава е договорено кусо примирје, со цел од првата линија да се тргнат телата на убиените, како и на повредените милитанти.

Би можело да ве интересира

Авганистанските талибанци објавија почеток на „пролетната офанзива“

Ана Ололовска

Мула Омар ги поздрави мировните преговори меѓу авганистанските власти и талибанците

Ана Ололовска

Во Пакистан одржани први официјални преговори меѓу властите во Кабул и талибанците

Ана Ололовска

Авганистанските талибанци и претставници од Владата преговараа во Катар

Ана Ололовска

„Шпигл“: НАТО поради ниско рангирани талибанци го ризикуваше животот на цивилите во Авганистан

Ана Ололовска

Талибанците повторно ќе се вратат во Кабул ако војската не ги спречи

Ана Ололовска