Во Украина власта слави, опозицијата се жали

Од:

Партијата на регионите на актуелниот претседател Јануковик прогласи победа, опозицијата укажува на кражба на гласови, мегународните набљудувачи оценија, Украина ја пропушти шансата да гоположи демократскиот тест.

Последните прелиминарни резултати на Централна изѕборна комисија по 55 проценти преброени гласови покажуваат Партијата на регионите имаа 34 проценти од гласовите, Татковина на Тимошенко, 22,17 проценти, Комунистичката партија изби на трето место со 14,84 проценти, фаворизираната боксерска ѕвезда падна на петто место со 12,88 а Слобода има 8,52 проценти.

Опозиционите партии со околу 43 проценти вкупно гласови тешко ке му ги поматат математиките на Јануковик, затоа што е веке извесен неговиот договор со комунистите.Според изборниот мнозински модел партијата на регионите би имала уште 115 мандати, Татковина 38, Слобода 8, во верховната Рада има шанси да влезар уште 37 независни кандидати, а другите 24 места ке ги пополнат останатите партии.

Апсолутно е јасно дека украинскиот народ ја поддржува опозицијата. Многу важно е сега, кога ќе се пребројуваат гласовите, да нема фалсификување на резултатите.

Арсениј Јатсенјук, лидер на обединетата опозиција.

„Апсолутно е очигледно дека Партијата на регионите е победник. Некои многу сакаа да загубиме, но нашата победа е извојувана во фер битка“, рече Азаров.

Предизборната кампања во Украина беше одбележана со бројни нерегуларности и отсуство на некогашната украинска премиерка Јулија Тимошенко, која е осудена на седум години затвор.

Изборите ги следеа 3.800 меѓународни набљудувачи. Граѓанската асоцијација „МОСТ“ е генерален секретаријат на европската набљудувачка миисија ЕНЕМО, и ја координираше комплетната операција.

Мегународниот фактор констатираше дека овие избори се чекор назад од последните во 2010 година. Многубројни се забелешките за семејно гласање, несоодветен гласачки материјал, но и според опозицијата најголемите кражби и манипулации се направени за време на макотрпното пишување на протоколите, а особено при пренесувањето на избирачкиот материјал со автобуси, и опасноста од менување на ливчињата и уфрлување на претходно подготвен материјал.

Но ова, стравуваат дека тешко ке се докаже поради добрите претходни подготовки со составот на комисиите, нереално прекроените граници на регионите, предизборното агитирање и поткупување и замолчувањето на медиумите.

ОБСЕ забележа и дека неможноста на Тимошенко да истрча како кандидат имало негативен ефект на изборниот процес.

Централната изборна комисија негира дека изборите биле нерегуларни. Претседателот на комисијата Владимир Шаповал за забелешката за пренесувањето на ливчињата и проблемот со протоколите , праша дали новинарите очекуваат тој да ги изработува или пренесува изборните материјали.

Подготви: А1он

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масовен напад со дронови врз Русија: Гори магацин за оружје, во тек е евакуација

Горан Наумовски

Во Харков е прогласена тревога за воздух, се слушаат експлозии

Целите се означени: Украина е подготвена да нападне

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Русија ги нападна Киев и другите украински градови со беспилотни летала

Русија е против идејата на Ердоган кој вели Крим да е под контрола на Украина

Горан Наумовски