Ѓорческа триумфираше на фјучрсот во Анталија во поединечна конкуренција

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа победи на фјучрсот во Анталија и во поединечна конкуренција откако денеска во финалето ја победи Русинката Александра Поспелова со 2:1 во сетови (6:3; 4:6 и 6:0). Ова за Ѓорческа е вкупно петта титула во сингл во кариерата, а трета во 2015 година (претходно победи во Тарсус и Врњачка Бања).

Во првиот сет Русинката Поспелова ги доби првите два гема за водство од 2:0 во гемови, а потоа Ѓорческа освои пет гема во серија и сетот го доби со 6:3 во гемови. Во вториот сет обратна слика на теренот. Нашата тенисерка по водство на ривалката од 1:0, имаше водство од 4:1 во гемови, но и дозволи на Поспелова да изедначи во мечот откако сетот го доби со 6:4 во гемови.

Во решавачкиот сет Ѓорческа доминираше и го доби сетот со 6:0 во гемови и притоа ги искористи трите брејк топки и скорот во поени само во третиот сет беше 26:9.

Вчера Ѓорческа заедно со Ива Приморац од Хрватска го освои овој турнир и во конкуренција на двојки. За секој триумф Ѓорческа ќе добие по 12 поени.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров