Единаесета титула во двојки за Ѓорческа во 2015 година

Од:

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа триумфираше на фјучрсот во Анталија (награден фонд 10.000 долари).

Таа заедно со Ива Приморац од Хрватска во финалето ги победија Гиулнара Назарова од Украина и Александра Поспелова од Русија со 2:0 во сетови. Ѓорческа – Приморац двата сета ги добија со 6:4 и 6:3 во гемови за 72 минути игра.

Ова за нашата тенисерка е вкупно 11-та титула во конкуренција на двојки на фјучрс турнири во 2015 година или вкупно 26. титула во последните четири години.

Ѓорческа ќе има шанса за „двојна круна“ во Анталија бидејќи утре во рамки на поединечното финале ќе игра против една од денешните ривалки во двојки, Поспелова.

Инаку, во полуфиналето Ѓорческа денеска ја победи Сун од Кина со 2:0 во сетови.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров