Финале за Ѓорческа на фјучрсот во Анталија

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во финалето на фјучрсот во Анталија (земјена подлога, награден фонд 10.000 долари) откако претпладнево во полуфиналето ја победи Ксу Лиу Сун од Кина (3.носител) со 2:0 во сетови.

Утре во финалето Ѓорческа ќе игра против Александра Поспелова од Русија (1.026 место на ВТА) која денеска беше подобра со 2:0 во сетови од Вивиен Јухазова од Словачка (6.носителка).
Ѓорческа, која е прва носителка на турнирот, првиот сет со Сун го доби со 6:2 во гемови, а во вториот беше 6:4. Нашата тенисерка имаше четири брејка, а противничката еден. Мечот траеше 99 минути.

Ѓорческа денеска заедно со Ива Приморац од Хрватска ќе го игра и финалето во двојки, а за ривалки ги имаат Гиулнара Назарова од Украина и Александра Поспелова од Русија.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров