Екипите од кошаркарската Евролига синоќа го комплетираа четвртото коло, а максимален учинок имаат три екипи Локомотив Кубан, ЦСКА Москва и Малага.
Македонскиот интернационалец во дресот на Фенербахче Перо Антиќ беше еден од најдобриот во својот тим во победата над Црвена Ѕвезда во Белград. Антиќ за 24 минути постигна 15 поени со 7 скокови.
Американецот со македонски пасош Ричард Хендрикс во победата на Малага над Динамо Сасари реализираше 19 поени со 7 скокови.
Резултати од 4.коло:
Реал Мадрид – Баерн Минхен 101:99, Химки – Стразбур 88:62, Црвена Звезда – Фенербахче 60:74 (А група), Лаборал – Анадолу Ефес 92:90 (продолжение), Еморио Армани – Цедевита 68:77, Олимпијакос – Лимож 75:49 (Б група), Локомотив Кубан – Каршијака 72:53, Жалгирис – Барселона 78:85, Зиелона Гора – Панатинаикос 71:68 (Ц група), Бамберг – Макаби 77:66 и Дарушафака – ЦСКА Москва 75:80, Малага – Динамо Сасари 80:62 (Д група).
Табела А група: Химки 3-1 (победи-порази), Фенербахче 3-1, Баерн 2-2, Реал Мадрид 2-2, Црвена Звезда 1-3, Стразбур 1-3.
Табела Б група: Лаборал 3-1, Олимпијакос 3-1, Анадолу Ефес 2-2, Цедевита 2-2, Емприо Армани 1-3, Лимож 1-3.
Табела Ц група: Локомотив Кубан 4-0, Жалгирис 3-1, Барселона 2-2, Каршијака 1-3, Панатинаикос 1-3, Зиелона Гора 1-3.
Табела Д група: ЦСКА Москва 4-0, Малага 4-0, Бамберг 2-2, Дарушафака 1-3, Макаби 1-3, Динамо Сасари 0-3.