Реконструираната улица „Кемал Сејфула“, втора фаза, денеска официјално ќе биде отворена за сообраќај.
Настанот ќе се одржи на крстосницата на улицата „Кемал Сејфула“ со улиците „Ферид Бајрам“ и „Втора македонска бригада“ (во близина на СУГС „Арсени Јовков“), а на него ќе присуствува и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.