Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Билјана Вуковиќ заедно со заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски ќе остварат средба со градоначалникот на општина Берово, Драги Наџински.
Во рамки на посетата на Берово, Вуковиќ и Костадиновски ќе ја посетат и свињарската фарма „Жито Малеш“, а ќе извршат увид и во инфраструктурни проекти за реконструкција на пристапна улица и изградба на пат во село Смојмирово.