Фенербахче ја совлада Црвена ѕвезда во Белград со 74:60, во четвртото коло во Евролигата. Фенер по четири натпревари има скор 3-1, додека ‘црвено-белите’ го забележаа третиот пораз.
На почетокот на мечот во „Комбанк Арена“, публиката со френетични овации ги пречека екс играчите на Црвена ѕвезда, Перо Антиќ и Никола Калиниќ, а потоа Антиќ го предводеше Фенербахче до победата.
Антиќ со 14 поени (3/5 за три) и шест скокови го предводеше Фенербахче, додека кај Ѕвезда најефикасен беше Штимац со 13 поени и седум скока.
Покрај овој меч од А групата се одигра и комплетното четврто коло во Ц групата, Локомотив Кубан славеше над Каршијака со 72:53, Барселона во Каунас го совлада Жалгирис со 85:78, а Зелена Гора го изненади Панатинаикос и триумфираше со 71:68.