Ѓорческа избори финале во двојки на фјучрсот во Анталија

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа заедно со Ива Приморац од Хрватска успеаја да се пласираат во финалето на фјучрсот во Анталија.

Тие денеска во полуфиналето ги победија белгиските тенисерки Морган Михелс и Елиеса Ванлангендонк со 6:2 и 6:3 во сетови. Утре во финалето ќе играат против Гилнара Назарова (Украина) и Александра Поспелова (Русија).

Инаку, денеска Ѓорческа успешно го мина четвртфиналето откако нејзината ривалка Јана Тишченко од Молдавија го предаде мечот при резултат 6:3 и 3:0 во вториот сет.

Утре во полуфиналето во поединечна конкуренција, каде Ѓорческа е прва носителка ќе игра против Ксу Лиу Сун од Кина (3.носителка, 438.место на ВТА).

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров