Македонија од денес членка на ЕЕАС

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, денеска во Советот на Европската Унија во Брисел потпиша спогодба со Европската служба за надворешна акција (ЕЕАС) со која нашата земја стана активен и рамноправен учесник во операциите на Унијата за справување со кризи ширум светот.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, министерот Попоски и генералниот секретар на ЕЕАС, Пјер Вимонт, ставија параф на договорот со кој Македонија, иако не е полноправна членка на ЕУ, сепак активно ќе придонесува во мировните мисии на Унијата, слично како што тоа го прави и во мисиите на НАТО.

– Давате голем придонес во нашите мисијата „Алтеа” во Босна и Херцеговина, а отсега влегуваме во нешто поструктуирано, а тоа е рамка за партнерство која покажува дека вашата земја повеќе од секогаш е важен партнер за нас. Гледам напред кон многуте заеднички авантури кои не очекуваат, во однос на безбедноста и одбраната, но и на другите полиња. Благодарам што ни се придружувате за постојано, потенцираше секретарот Вимонт во името на ЕУ, по потпишувањето на спогодбата.

Министерот Попоски, пак, потенцираше дека спогодбата за соработка во заедничката одбранбена и надворешна политика со Европската унија е долгочекуван момент за Република Македонија, иако нашата земја и досега е активен контрибутор со учеството во мисиите на ЕУ во Босна, Либан, Ирак, Авганистан.

Би можело да ве интересира

МНР: Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време

МНР: Погодена е и зградата каде се сместени шест амбасади, меѓу кои и на Македонија

Горан Наумовски

Фрчкоски до Муцунски: И од неискусен министер е сепак премногу наивно и манипулативно за јавноста

Горан Наумовски

МНР најави кадровски решенија за испразнетите амбасади и конзулати

Горан Наумовски

Засега нема македонски државјани што побарале помош или евакуација од Либан

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална