Натпреварот од 4. коло од кошаркарската Евролига меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен заврши со победа од 101:99.
Триумфот на „кралскиот клуб“ синоќа му го донесе Џејси Керол во „тројка“ на три секунди до крајот на дуелот.
Резултати на натпреварите одиграни синоќа од 4.коло: Реал Мадрид – Баерн Минхен 101:99, Химки – Стразбур 88:62 (А група), Лаборал – Анадолу Ефес 92:90 (продолжение), Еморио Армани – Цедевита 68:77, Олимпијакос – Лимож 75:49 (Б група), Бамберг – Макаби 77:66 и Дарушафака – ЦСКА Москва 75:80 (Д група).
Вечерва се играат дуелите: Црвена Звезда – Фенербахче (А група), Локомотив Кубан – Каршијака, Жалгирис – Барселона, Зиелона Гора – Панатинаикос (Ц група), Малага – Динамо Сасари (Д група).
Табела А група: Химки 3-1 (победи-порази), Фенербахче 2-1, Баерн 2-2, Реал Мадрид 2-2, Црвена Звезда 1-2, Стразбур 1-3.
Табела Б група: Лаборал 3-1, Олимпијакос 3-1, Анадолу Ефес 2-2, Цедевита 2-2, Емприо Армани 1-3, Лимож 1-3.
Табела Ц група: Локомотив Кубан 3-0, Барселона 2-1, Жалгирис 2-1, Каршијака 1-2, Панатинаикос 1-2, Зиелона Гора 0-3.
Табела Д група: ЦСКА Москва 4-0, Малага 3-0, Бамберг 2-2, Дарушафака 1-3, Макаби 1-3, Динамо Сасари 0-3.