(ВИДЕО) Груевски: Задоволен сум од договорот, наша стратешка цел беше изборите да останат на 24 април и успеавме

Од:

Состанокот заврши со успех, задоволен сум тоа што го договоривме, нашата стратешка цел беше да остане 24 април како датум за избори и успеавме во тоа. Од тој аспект тоа е добро, нас тоа ни беше најважно, ние веруваме во народот, во неговите одлуки,и затоа ни беше најважно да има што побрзо избори и да си каже кому верува за понатаму, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски по средбата во Клубот на пратеници.

-СДСМ предложи имиња согласно договорот од јуни-јули, се работи за истакнати партиски имиња и мислиме дека е тоа добро, сакаме партиски да си преземат политичка одговорност, а не да се кријат некои експерти кои се анонимни членови на СДСМ.

Се усогласи законот за влада во кој е клучно дека никој нема да може да биде исфрлен од работа или сменет, а да не е тоа по закон. Дури и некој ако го прекрши законот и биде сменет, новиот што ќе биде назначен ќе добие од дополнителниот замени министер за внатрешни, дополнителен заменик со право на вето, со што се постигнува контрола на кадровското работењето во МВР, рече Груевски и истакна дека за оваа фаза не пролонгирале од ВМРО-ДПМНЕ , туку од СДСМ кои сакале да го пробијат рокот и да се пролонгираат изборите.

-Нема да бидам изненаден ако во натамошната фаза во договарање на прашања за медиумите, СДСМ повторно се обиде да ги одолговлекува работите за да не дојде до договор и тоа да биде алиби да се одложат изборите,но тоа нема да им успее, зашто имаме закон и за тоа сега.

-Изборите се желба на ВМРО-ДПМНЕ, и граѓаните да го дадат својот суд, граѓаните ќе покажат пред целата светска јавност дека не е можно со валкани играи да се дојде на власт. И еднаш засекогаш ќе се покаже дека со интриги не се доаѓа на власт, јас сум убеден во тоа, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Лозановска: Во времето на СДС и ДУИ се нарачуваа судски пресуди и сето тоа доведе довербата на граѓаните во правосудството да падне на цели 2%

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица што го негираат македонскиот идентитет

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири невистина со поништената набавка на 150 електрични автобуси

Манасиевски: Венко Филипче специјалниот пратеник на Румен Радев за Македонија заедно со Рубин Земон се главни соработници на бугарската пропаганда во Македонија