Ова вечерва е нов почеток за Македонија и сите нејзини граѓани. Постигнат е договор кој ќе биде правно формално легализиран во Закон за влада. Постигнат е договор за избирачкиот законик, за законот за свиркачите, за закон за заштита на приватноста кој стапува во сила веднаш, а ќе се применува после 6 месеци, период дозоволен и во кој треба да се изјасни Венецијанската комисија. Постигнат е и договор кој треба да биде преточен во одлука на парламентот за Анкетната комисија, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев по завршувањето на лидерската средба и најави дека пратениците треба во петок за ги изгласаат сите закони.
Истовремени вечерва ја исполнив обврската да го предложам кадровското решение за министер за внатрешни работи за кој добив согласност од ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, нов министер ќе биде Оливер Спасовски. Ги предложивме и другите кадровски решенија, министер за труд и социјална политика Фросина Ременски, заменик министер за финансии Кире Наумов, за земјоделство Љупче Николовски, за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски.
Заев потврди дека 24 април останува како ден за избори.
-Најголемата дилема беше во законот за влада од кога се смета организација на избори и дали да стои во посебен член. Решението го најдовме со тоа што ги преточивме формулациите на зборови од самиот договор каде се вели дека заменикот министерот има право на вето за работи кој што се однесува на организацијата на изборите. Исто така е предвидено дека министерот за внатрешни работи може да разрешува, распоредува раководни лица. Нашата интенција не е да се сменат сите раководители, има таму професионалци, бараме фер шанса да ја извршиме обврската за раководењето со МВР и со труд и социјална политика. Ова го правиме да добиеме гаранција за граѓаните за слободна изразена волја на изборите на 24 парил, рече Заев.