ВИДЕО: Училишниот одбор утврди одговорност на Даниела Костадинова

Од:

Училишниот одбор утврди одговорност во директорувањето на Даниела Костадинова во училиштето „11 Октомври“ поради низа пропусти. За одлуката гласаа пет од девет членови на одборот, а во меѓувреме побараа за другите точки-разрешување на претседателот на одборот и разрешување на директорката да не присуствуваат медиумите.

„Ова е лудило, двајца директори секој ден издаваат наредби, разрешената директорка влегува по училници со полиција и прави записници“, се правдаа наставниците зошто не сакаат да бидат снимани пред камера и да се забележи нивниот став за директорката.

„Таа се жалела на незаконско разрешување до Државна комисија за одлучување во управна постапка од втор степен. Државната комисија ја уважила жалбата и го поништила решението на општина Центар, но таа манипулира. Во самото решение пишува дека решението на општина Центар се поништува, но предметот се враќа на повторно постапување и одлучување. Таа во моментот нема функција, управниот спор трае и понатаму. Несфатливо е како Централниот регистер со ваков документ, како потписник на сметките на училиштето, моите ги поништил, иако со овој документ не може да изврши промена на потписи. Доставена е жалба до Централниот регистер од општина Центар и од мое име каде укажуваме дека направил регистрација, промена на потписи без никаков правосилен акт, без решение издадено од надлежен орган без да биде доставено во прилог решение од надлежното орган општина Центар. Останува нејасно кој го поднел ова барање, зашто Данила Костадинова не е овластена да го поднесе, бидејќи таа не е директор. Настрана што не ги поднела и другите потребни документи согласно позитивните законски прописи“, рече в.д. директорот на „11 Октомври“ Васко Лазаревски.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март