НАСА најави дека ќе објави „клучни научни докази“ кои откриваат како настанала атмосферата на Марс и како таа со време исчезнала.
Последниот пат кога НАСА најави дека има важна вест, објави дека е пронајдена вода на Марс, па сега се поставува прашањето за што станува збор овој пат.
Црвената планета отсекогаш ги интригирала научниците, а новите инфомрации доаѓаат од вселенската станица МАВЕН (Mars Atmosphere and Volatile Evolution), која вo моментов се наоѓа во орбитата околу Марс.
Станицата во Вселената е лансирана во 2013 година и од тогаш собира информации за Црвената планета.
Новата објава на НАСА ќе оди во живо преку интерент денеска во 20 часот.