Во Бахреин разбиена терористичка група која имала врски со Иран

Од:

Властите во Бахреин разбиле терористичка група поврзана со Иран, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Уапсени се 47 луѓе со што биле спречени терористички напади кои требало да бидат извршени во скоро време. Групата имала тесни врски со „терористи“ во Иран.

Во неколку села во близина на главниот град Манама откриени се оружје и експлозиви.

МНР на Бахреин  го обвини Иран дека се меша во внатрешните работи на државата и се обидува да ја поткопа стабилноста со терористички напади. Минатиот месец Бахреин го отповика својот амбасадор во Иран и го прогласи иранскиот в.д. амбасадор во државата за персона нон грата.

Би можело да ве интересира

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата

Иран: 838 учесници во сообраќајот загинаа за време на празничната сезона

Иран: Америка не само што не понижува нас, туку и целиот свет

Иранската војска ги подготвува ракетните системи со долг дострел по заканите на Трамп

Горан Наумовски

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ