НАСА за утре најави објавување на „клучно откритие“ на Црвената планета

Од:

НАСА во четрток, во 20 часот по македонско време со јавноста ќе ги сподели “клучните откритија“ на мисијата Exploration Rover, пишува на официјалната страница на американската вселенската агенција. Преносот од прес конференцијата ќе оди во живо на интернет страницита на НАСА, а освен дека ќе говори водачот на мисијата, научникот Мајкл Мајер, други детали не се соопштени.

Минатиот месец беше откриено дека на црвената планета има вода, што исто беше соопштено како големо откритие. Марс се години се смета за безживотна планета, но поради досегашните откритија интернет заедницата е во големо исчекување на новото откритие.

Веќе се шпекулира дека можно е да е откриено како Марс ја изгубил атмосферата или дали на Марс сепак е можно да постои живот.

Би можело да ве интересира

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Заглавените астронаути можно е да не да се вратат на Земјата до 2025 година

Предраг Петровиќ

Астронаути се заглавени во вселената, НАСА вели: Можеби нема да се вратат до 2025 година

Горан Наумовски

ВИДЕО: Астронаут на НАСА го сними разорниот ураган од вселената

Катерина Ѓуровски

Кинеското вселенско летало слета на темната страна на Месечината