Абу Сајаф бара откуп од 63 милиони долари за тројца киднапирани странци

Од:

Милитантната исламистичка група Абу Сајаф денеска објави видео порака во која за ослободување на тројца заложници, двајца од Канада и еден од Норвешка, бара откуп од по 21,3 милиони долари.

Во спротивно, групата, која како милитантноо крило на муслиманите од југот на Филипините и Малезија важи за огранок на Ал Каеда, ќе ги обезглави странците, кои беа киднапирани кон крајот на септември.

Во видео порака, еден од киднапираните, 68-годишниот Џон Ридсдел. драматично апелира канадскиот премиер да обезбеди пари за откупот. Ако не се плати откупот, вели тој, речиси е сигурно дека тројцата ќе бидат обезглавени.

Прпадниците на групата Абу Сајаф најчесто обезбедуваат финансиски средства со киднапирање на странци кои со јахти крстосуваат околу југот на филипинскиот архипелаг, како и богати бизнисмени од Филипините и Малезија.

Тие во политичката платформа нагласуваат дека се подготвени да прогласат калифати во делот на Филипините каде што муслиманите се доминатно население и во подрачјата на северна Малезија.

Филипинската армија, со поддршка на американското воздухопловство и морнарица од јули наваму е во постојана потера по борците на Абу Сајаф. Досега во престрелки и поставени заседи загинаа педесетина филипински војници, а загубите на исламските бунтовници не се познати.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски