Поголем дел од Дебар без вода,оштетена главна водоводна шахта

Од:

Засега непознати лица синоќа оштетиле една од главните шахти на градскиот водовод, поради што поголемиот дел од Дебар е без вода за пиење.

– Со камења и други тврди предмети целосно ја уништиле една од главните водоводни шахти од градскиот водовод, во горниот дел на градот. Наша екипа ја утрди фактичката состојба и можам да потврдам дека станува збор за големо оштетување,поради што поголемиот дел од градот е без вода за пиење, потврди Мазлум Леши, директор на ЈКП „Стандард“.

За санирање на оштетувањата, вели Леши, потребна е специјална екипа, што подразбира и повеќе време за негово санирање иако работите на терен ќе почнат уште денеска. Тој го осуди овој, како што го нарече вандалски чин, и побара од надлежните сторителите да се откријат и казнат.

Би можело да ве интересира

Жена од Штип го принудила внукот да питачи во Дебар

Се препорачува многу внимателно возење во Дебарско поради одрони на патиштата

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот

Водата во Дебар пред пиење мора да се преврива

А1он

Од Дебар до Тирана за еден час, пуштен во употреба големиот тунел на автопатот „Патот на Арбр“

Почувствуван земјотрес во Дебар и околината

Катерина Ѓуровски