Книгата на италијанскиот новинар Џанлуиџи Нуци „Merchants in the Temple” во која се опишува лошото управување на папата Франциско и неговите напори да спроведе финансиски реформи и покрај отпорот одвнатре, од четврток ќе се најде во продажба.
Повикувајќи се на доверливи документи, во неа се зборува за исчезнување на милиони долари oд наемнини и погрешно насочени донации.
Книгата оди во продажба само неколку дена откако од Ватикан е соопштено дека две лица се уапсени во најнова истрага за „истекување“ доверливи документи во Светата столица.
Апсењата во Ватикан се ново поглавје во скандалот наречен „Ватиликс“ кој почна во 2012 година со претходни наводи на тој автор во книгата „Тајните документи на Бенедикт Шеснаесетти“ за која батлерот на папата Паоло Габриел оддавал доверливи информации.