Поради ураганот Сенди, во Њујорк денеска ќе биде затворено седиштето на ОН, а нема да работи и берзата, ниту училиштата.
„Седиштето на ОН во Њујорк ќе биде затворено до утре поради доаѓањето на ураганот Сенди, а сите планирани состаноци се откажани“, рече заменик портпаролот на ОН, Едуардо Дел Беј.
Нема да работи ниту берзата, која последен пат поради природна катастрофа беше затворена на 27-ми март 1985-та година поради ураганот Глорија.
Училиштата во Њујорк исто така ќе бидат затворени.
Според проценките на метеоролозите, ураганот Сенди во ноќта помеѓу понеделник и вторник ќе стигне до источниот брег на САД, а центарот на ударот би можел да биде Њу Џерси.
Бројот на жртвите од ураганот Сенди во Карибскиот регион се искачи на 65 луѓе.
Властите на Хаити соопштија дека при налет на ураганот загинале 51 човек. Жртви на Сенди има и на Куба, Јамајка, Порто Рико и на Бахами.