СДСМ: Квалитетно јавно здравство, за сите!

Од:

Обезбедуваме квалитетно јавно здравство достапно за сите граѓани. Овозможуваме брзи и ефикасни услуги. Услов за набавка на лекови и вакцини е квалитетот, а не ниската цена. Ги покачуваме платите за здравствените работници, велат од СДСМ.

Македонија сега е на последното место во Европа по здравствени услуги, според Европската служба за здравствена заштита.

Лекарски кадар недостасува. Најдобрите лекари масовно ни заминуваат. Бројките се поразителни. Дури 200 лекари годишно се иселуваат од Македонија.

Нема квалитетни лекови, нема медицински материјали.

Опрема по болниците или нема или стои во кутии неупотребена.

Над 600 милиони евра се потрошени на споменици, а луѓе ни умираат.

СДСМ има Визија како да ги промени состојбите во здравството.

Вечерва во 19:00 часот, во хотелот Дрим во Струга ќе се одржи дебата на тема Квалитетно јавно здравство за сите. Визијата на СДСМ ќе ја споделат со вас граѓаните потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски, претседателот на Комисијата за здравство, Гоце Чакаровски, потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски. Потоа ќе биде отворена дебата со присутните граѓани.

Сакаме да ги слушнеме и вашите визии.

Заедно можеме да се избориме за квалитетно јавно здравство, достапно до сите.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“