Единаесетгодишниот Андреј Стојановски го потврди својот талент и имаше успешен настап на “Делфин“ купот во Скопје, како и на Турнирот “13-ти Ноември“.
На “Делфин“ купот, во конкуренција на 450 пливачи од 8 земји, во сите 5 дисциплини каде што учествуваше, освои златни медали.
Тој беше најдобар на 50 метри делфин, 200 метри мешано, 50 метри слободен стил и 50 метри и 100 метри градно.
Еден од освоените медали Андреј го посвети на својата другарка, Матеја, која трагично загина во сообраќајна несреќа.
Во конкуренција од 500 пливачи од 14 држави, 11 годишнниот Андреј се закити со златен медал на 100 метри градно и две сребрени медали на 50 метри градно и 100 метри мешано.
Со резултатот на 100 метри градно младиот талентиран пливач обезбеди Б финале и влез меѓу 16 најдобри резултати на турнирот.
Евгениј Поп Ацев, освојувачот на Охридскиот маратон и Светскиот Гран при за маратон над 10 км, во Кина го освои престижното 6 место во генерален пласман во Светскиот куп до 10 км на отворени води.
Општина Центар ќе продолжи да ги помага талентираните спортисти.