Научниците го предвидоа времето на исчезнувањето на Земјата

Од:

Научниците од американскиот Харвард-Смитсоновиот центар за астрофизика биле сведоци на единствена вселенска појава и врз основа на тоа направиле претпоставка за времето на исчезнувањето на Земјата, пишува Sci-News.

Според Ендрју Вандербург, кој раководел со истражувањето и автор на студијата објавена во научното списание Nature, до откритието научниците дошле како резултат на набљудувањето на однесувањето на ѕвездата WD 1145+01, и објектите во неговата орбита од 520.000 милји, преку телескопот Кеплер на NASA, позната како мисијата К2.

„Првпат имавме можност да сведочиме на расцепкување на минијатурна планета од интензивната гравитација, испарување од ѕвездената светлина и исфрлање карпест материјал врз ѕвездата“, додава Вандербург.

Откако сонцето, слично на нашето, ја потрошило целата своја енергија, тоа се зголемува до состојбата на „црвен џин“ и потоа достигнува големина на густото јадро на Земјата со зачувување на неговата првична маса. Како резултат на тоа, ѕвездата доаѓа во состојба на „бело џуџе“.

Во август годинава научниците го забележале овој изненадувачки феномен, во областите на еден галактички систем успеале да ги регистрираат истовремено појавата на „бело џуџе“, остатоците од друга планета и космички отпад. Врската меѓу трите објекта со објаснува со тоа што кога еднаш ѕвездата станува „црвен џин“, таа ја дестабилизира орбитата на планетите околу неа.

„Го откривме белото џуџе во моментот која тоа ја уништува својата планета и ги расфрла остатоците од површината на ѕвездата“, вели Вандербург.

Истата судбина ја очекува и нашата планета. Според прогнозите, Сонцето ќе ја проголта Земјата по околу 5 до 7 милијарди години. Постои, исто така, веројатност дека самата апсорпција на Земјата нема да се случи, но „да се живее на вжарената планета нема да биде можно“, додава Вандербург.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ