Федерер повторно најдобар во својот роден град

Од:

Роже Федерер стигна до деветтата титула на домашниот терен во Базел, неговиот роден град. Тој во големото финале го совлада својот голем ривал Рафаел Надал со 2:1 во сетови (6:3, 5:7 и 6:3).

Федерер беше видно мотивиран и фокусиран да го добие натпреварот. Швајцарецот подобро го почна мечот, во петтиот гејм стигна до брејк, па потоа рутински го доби сетот со 6:3. Вториот сет помина во израмнета игра, но при резултат 5:5, Надал направи брејк, по што успеа да израмни на 1:1. Сепак, во третиот сет прв капитулираше Надал, кој при 4:3 за Федерер со неизнудена грешка му подари брејк на Швајцарецот, а тој потоа го искористи својот сервис за конечна победа од 2:1.

Ова беше прва победа за Федерер на Надал по речиси четири години, по триумфот во Индијан Велс во 2012 година.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров