(ВИДЕО) Црвенковски: Нека бројат како сакаат, плоштадот никогаш не бил толку полн

Од:

Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, од плоштадот Македонија ги повика сите граѓани на државата да се одлучат, каква Македонија сакаат. Тие со државата се однесуваат како аздисани деца. Имаме земја на блокирани сметки, двојно го зголемија долгот, живееме на кредити, се владее со страв и закани, сами апсат, сами тужат, зацрнија цели семејства.

Ова е држава на невиден криминал, изрекетираа се живо, нема тендер што не е наместен. Цело време зборуваат за транзицијата, а како ќе го наречат човекот, кој купи земјоделски комбинати, банка, ресторани, медиумски куќи и сосема случајно е пријател на „фамилијата“. Каде завршија и на чија сметка се парите од увозот на струја, од 5 пати поскапите споменици?

Црвенковски рече дека власта ја обвинува опозицијата, дека само критикува, а не нуди решенија.

„Еве да им кажеме, каква Македонија сакаме. Во нашата Македонија, државата ќе троши колку што има. Додека невреботеноста и сиромаштијата не се преполоват, нема да се градат фонтани, ниту мебел ќе се купува, а кредити само ќе се земаат за изградба на автопати и енергетски комплекси“.

Приоритет е битката за нови работни места, секој инвеститор кој ќе вработи нови луѓе ќе биде херој. Тој упати порака до бизнисмените.

„Ве гледам џабе ви е трудот, џабе е капиталот, кога на секоја шега на премиерот мора да аплаудирате и na секоја шуша од власта рекет да плаќате“.

Тој ги повика бизнисмените и стопанствениците во заdеничка битка за поинаква Македонија, каде државата ќе го плаќа сработеното, а за секое доцнење ќе плаќа камати.

„Ако има бесплатно земјиште за странски инвеститори, ќе има и за вас. Ќе се бориме за Македонија, во која секој што ќе ви побара рекет, ќе остане и без рака и без функција, а сега вие бирајте“.

Тој им се обрати и на интелектуалците и на лекарите, велејќи – Во секоја држава вие сте елита, со слободоумноста влечете, а овде каде сте? Целосно деградирани, потценети, како мафија со бели мантили. Но, ова според Црвенковски е освета на учените и недоучени.

Министер за здравство во нашата влада ќе биде еминентен доктор, министер за образование ќе биде само професор, па вие бирајте.

Црвенковски на собраните вечерва им рече дека пишуваат историја.

„Нека не бројат како сакаат, плоштадот вака полн не бил никогаш. Да можеше Александар Велики да прозбори, ќе кажеше – Тоа што никој не можеше, тоа го направивте, ме сардисавте од сите страни“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он

СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

А1он

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања, затоа изгубија 140.000 гласови

А1он

ВИДЕО: Нова оставка во СДСМ и повик за смена на раковдството

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

Горан Наумовски