Повеќе нема место на завршниот Мастерс турнир во Лондон откако Шпанецот Давид Ферер и Јапонецот Кеи Нишикори обезбедија учество.
Натпреварувањето во О2 арената на програмата е од 15. До 22. ноември и на него ќе учествуваат најдобрите осум светски тенисери.
Очекувано прв своето учество го обезбеди Новак Ѓоковиќ, а покрај Ферер и Нишикори други учесници се: Енди Мареј, Стан Варвинка, Роже Федерер, Томаш Бердих и Рафаел Надал.