Си-Ен-Ен – Атланта
Институтот за потрага по вонземски живот (СЕТИ) си има свои цели – а наскоро можеби и најдобриот телескоп во САД – кој ќе се фокусира на аномалијата која многу атрономи и не можат точно да ја објаснат.
Корисниците на онлајн астрономската платформа Планет хантерс (Ловци на планети) пред неколку години открија чудна светлосна матрица меѓу соѕвездијата Сигнус и Лира. Оваа група користи јавно достапни податоци која ги собрал телескопот Кеплер на НАСА, кој има за задача да наоѓа планети слични на Земјата со периодично затемнување на ѕвездите, со што се претпоставува дека таква планета поминала во близина.
Откритието на чудна ѕвезда можеби значи вонземски живот
Откако бројни набљудувачи ја забележале оваа чудна светлосна појава, снимката била испратена до советнички научен тим на групата, меѓу кои е и постодкотарнтот по астрономија Табета Бојаџиан од Универзитетот Јејл.
– Ова дефинитивно распламти бројни живи дискусии на мрежата. Ги прегледваме фомрумите и разговаравме со најактивните корисници и тие ни укажаа дека таму има нешто на што треба да обрнеме внимание, вели Бојаџиан.
– Она што е необично беше длабочината на светлинскиот сигнал, до 20 проценти пад на светлината и временската скала (или варијации во светлината) од една недела до неколку месеци, додава таа.
И какво е објаснувањето? Може ли да биде од јато комети? Еден вид интергалактички феномен кој научниицте од Ертхбаунд досега не го откриле? Или ефект на структура со големина на планета изградена од некој вид вонземска цивилизација?
Џејсон Рајт, професор по астрономија на Пен стејт вели дека податоците на Бокаџиан не можат сосема да го објаснат тоа. Но на неговата веб страна објави мислење во кое предупредува пред да се донесат заклучоци – кко што некои и го сторија тоа – дека некои далечни суштества стојат зад ова.
Рајт напиша: „Мојата филозофија зад СЕТИ (Потрага во вонземска интелигенција) дека треба да ја сочувате вашата хипотеза за вонземјани како последно објаснување“.
Тој исто ги цитираше Упатствата на Кокрејн за ловците на планети: „Не се посрамотувајте себе си и другите колеги со прогласување лажни планети“.
– Тоа ќе биде големо нешто ако е вистина, па затоа е важно да бидете апсолутно сигурни пред да тврдите дека сте забележале нешто со што многумина ќе ја загубат кредибилноста. А уште повеќе за Сети“ додаде астрономот.
Распаднати комети или вонземска инлегинеција?
Ѕвездата која истражувачите ја идентификуваат како КИЦ 8462582 – иако Рајт ја нарекува Таби ѕвезда, а неговиот тим ја нарекува „непостоечка ѕвезда“ според документот на Бојаџиан насловен „Каде е флуксот?“, е речиси 1.465 светлосни години оддалечена од Земјата или околу 14 квадрилиони километри.
Заедно со група колеги Бојаџиан минатиот месец објави академски труд во врска со ѕвездата каде се заклучува дека чудната светлина може да бидат фрагменти од комети.
Ова е „одржливо, но недоволно докажано природно објаснување“, вели Рајт.
– Мали се шансите тоа да биде вистинскиот одговор, вели атрономот од Пен стејт. – Но е далеку многу подобро кои досега сум ги видел (и далеку многу поверојатни от вонземјаните, би рекол), додава тој.
Самата Бојаџиан потенцира дека „неопходноста од понатамошни следења ќе бидат потребни за се интерпретира системот“, па затоа таа и нејзиниот тим му го претставиле трудот на Ендрју Сиемион, шеф на групата СЕТИ на Универзитетот Беркли во Калифорнија. Тие барале одговор и истакнале дека им се потребни најдобрите телескопи за да ги добијат.
– Од прво мислев дека е ова глупост; но не беше се додека не ми ги покажаа податоците кои биле добиени од тимот на Кеплер во НАСА, рече Сиемиеон.
Астрономот од Калифорнија кој работи на потрага по вонземски интелигенција речиси 10 години, ги нарече отркитијата „многу нетипични“.
– Досега сум бил можеби два или три пати конатктиран од астрономи дека постои нешто кое не го разбираме, Ова е многу чуден предмет, рече тој.
Поднесено барање за користење на радио телескоп
Сиемион предложил неколку варијанти за да користат телескоп – меѓу кои и телескопот Грин бенк во Западна Вирџинија, кој е всушност најдобриот ради телескоп во државата сопственост на опсерваторијата Нешенел рејдио астрономи – за да истражат подлабоко во аномалијата.
Телескопот Грин бенк може да биде соодветен, со оглед на тоа што СЕТИ во потрагата по вонземска интелигенција користи и радио бранови. Според Сименион, постојат некои видови радио бранови кои се толку далеку и кои можат да бидат произведени само преку технологии.
– Предноста е што може многу лесно да се направи разликатај. Многу галаксии прозведуваат радио бранови. Ако во таа област гледаме многу енергија, тоа без грешка е знак за технологија, рече тој.
Институтот СЕТи, кој се наоѓа во северна Калифорнија, очекува да ги слушне резултатите од нивното истражување во следните два месеци.
– Ќе следиме многу внимателно и што поблизу можеме. Ограничени сме во смисол колку долго можеме да следиме некоја цел заради искривеноста на земјата и инструментите кои ни се на располагање. Ако ни биде доделена техника, ќе имаме помеѓу 24 и 36 часа да располагаме со повеќе радио приемници, рече Сименион.
Иако оние кои се инволвирани во ова не сакаат веднаш да скокнат со заклучоци за што точно станува збор, сметаат дека вреди да се истражува понатаму.
Според Бојаџиан од Јејл, информациите ќе ни овозможат да потврдиме или отфрлиме нешто.
– Возбудени сме да дознаеме се за овој систем и сакаме да го разбереме тоа, додава.