Шпанецот Рафаел Надал успеа да се пласира во полуфиналето на турнирот во Базел откако синоќа во три сета го победи Марин Чилиќ од Хрватска со 2:1 во сетови.
Мечот лошо почна за Надал откако Чилиќ го доби првиот сет со 6:4, а следните два сета му припаднаа на Надал со 6:3 во гемови.
Надал во полуфиналето ќе игра против Ришар Гаске. Тој во четвртфиналето со 2:1 во сетови го победи Иво Карловиќ, а со истиот резултат Џек Сок беше подобар од Доналд Јанг.
Сок во второто полуфинале ќе игра со подобриот од последното четвртфинале што се игра вечерва меѓу Рожер Федерер и Давид Гофин.